Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан демантираше дека размислува за оставка по поразот од Шахтјор во 5 коло од Лигата на шампионите.

По ова „Кралевите“ се во подредена позиција во битката за осминафинале и може лесно да се случи да бидат елиминирани уште во групната фаза.

„Се уште имам сила и ќе ја дадам сета. Како и играчите така и јас. Мора да ја исправите главата и да размислувате за следниот натпревар. Не, нема да дадем оставка. Ќе продолжиме напред. Имав неколку деликатни моменти со овој тим. Ова е само лоша низа на резултатите. Во реалноста мора да продолжиме напред, ова беше за нас финале, се подготвуваме многу добро, но не се победува само со едно добро полувреме. “ – изјави Зидан.