По страшната повреда на Асенсио, стартот од сезоната ќе го пропуштат Менди и Брахим. Ова го потврди Зинедин Зидан кој е загрижен од систуацијата во која се наоѓа неговата екипа.

„Не ми се допаѓа ова. Прво повредата на Марко а сега и онаа на Ферланд кој не знам до кога ќе биде отсутен. Овие работи се случуваат и ќе мора да се наоѓаме. Се подготвуваме со играчите кои ги имаме. Работиме напорно и ќе се обидеме да изгледаме подобро на теренот .“ – изјави Зидан.

Шпанските медиуми дополнително ја разгоруваат мини кризата во екипата на „кралевите“ откако Зидан не бил воопшто задоволен од формата во која се наоѓа Јовиќ.