Судбината на Серхио Рамос во Реал Мадрид се уште не е позната. Тренерот на „Кралевите“ вели дека ништо не е сигурно кога се работи за иднината на дефанзивецот.

Пред натпреварот со Виљареал, Зидан го искоментира можното заминување на Рамос изразувајќи надеж дека сепак до тоа нема да дојде.

„Сите сакаме да остане во клубот и да го обнои договорот. Се надевам дека таа приказна наскоро ќе биде завршена за добро на сите. Сега мора да најдеме начин и да го одмориме, многу играше. Искрено, не знам што ќе правиме со него.“ – истакна Зидан.