Провокациите на сметката на „Кралевите“ од Бејл за време на неговиот настап и пласман со Велс на ЕУРО 2020 нема да бидат причина за Зидан да го продава напаѓачот во јануари.

Медиумите од Пиринеите тврдат дека тренерот на Реал Мадрид го планира Бејл во екипата која оваа година има шанси за нови титули во Ла лига и во Лигата на шампионите на УЕФА.

Бејл ги пропушти последните шест натпревари за „Кралевите“ поради повреда но настапи викендов во дресот на Велс. Навивачите на најтрофејниот во ЛШ бараат управата да го продаде Бејл уште во јануари но Зидан имал поинакви планови.

Извесно е дека Зидан и Бејл ќе се седнат и ќе разговараат во следните неколку денови околу плановите на напаѓачот за кој интерес има од Кина но и од клубови од Англија.