Реал Мадрид ова лето се поврзуваше со повеќе фудбалери како што се Салах, Мане, Погба, Мбапе, Кавани … но до овој момент во Мадрид не пристигна ниту една голема светска ѕвезда.

Според Зидан, се уште има време за работите да се променат.

„Се може да се случи до 4 октомври. Вие сте заинтересирани за тоа кој би можел да дојде кај нас, но јас сум за доволен со мојот тим. Ќе работиме напорно и на крајот од денот, ќе ги оствариме нашите цели кои ги поставивме за оваа сезона. Засега најважно е да останеме ментално силни и посветени.“ – изјави Зидан.

Реал мадрид ова лето се ослободи од повеќе првотимци меѓу кои се и Хамес Родригез и Герет Бејл.