Лацио и Интер, беа во трка за Оливие  Жиру во јануарскиот преоден рок, но Французинот остана на „Стемфорд Бриџ“.

Тој како што вели имал желба да го напушти Челси, но сега ќе даде се од себе да се наметне со своите настапи да се наметне кај селекторот Дидие Дешамп за ЕП наредното лето.о

„Бев на излезните врати. Се наоѓав пред трансфер во Лацио или Интер, но од тоа ништо не се случи. Сега сум подготвен да 100% во Челси.  Мојата лична цел сега е да играм колку што е можно повеќе, бидејќи сакам да учествувам на следниот Европски шампионат со мојата селекција“-изјави Жиру.