Интер е заинтересиран да го купи Оливие Жиру во зимскиот преоден рок и да му овозможи поголема минутажа од таа што во моментов ја има во Челси.

Со ова Жиру можеби ќе успее да го убеди Дешамп да го селектира за Франција за следното ЕП но има еден проблем.

Интер нема намера да му плаќа на Жиру 8 милиони евра по сезона колку што заработува во Челси. Жиру во Интер би добил двојно помала плата и договор за 18 месеци.

Останува на напаѓачот да одлучи дали сака добро да заработува или да игра на ЕУРО 2020.