Францускиот репрезентативец Оливие Жиру, откри зошто не го напушти Челси, иако се наоѓаше пред трансфер во Интер. Искунсиот фудбалер го продолжи договорот со „сините“ до мај 2022.година.

„Ја искористив можноста која ми е дадена, ги оправдав очекувањата на менаџерот. Кога клубот ми понуди нов договор, веднаш прифатив. Сакам да продолжам да освојувам трофеи и да му докажам на менаџерот дека може да смета на мене“- изјави Жиру.

Жиру во Челси пристигна во јануари 2018.година од Арсенал, а оваа сезона постигна три гола на 13.натпревари во Премиерлига.