Италијанските медиуми, јавуваат дека Оливие Жиру во јануари ќе се пресили во редовите на Интер. Во Челси Жиру е во втор план, а Антонио Конте гледа перфектно засилување за нападот на Интер кој треба да ги зголеми опциите во офанзивата. Жиру и Конте по втор пат ќе соработуваат, откако претходно беа дел од Челси.

„Газета дело Спорт“ пишува дека двете страни ќе се договорат и Жиру во јануари ќе се пресели во Интер за сума од седум милиони евра. Жиру на СП беше еден од предводниците на Францја која стигна до светската титула.

Жиру блескаше минатата сезона во Лига Европа кога Челси ја освои под водство на Сари, а даде 11 гола во 14 мечеви.