Вардар и Македонија  Ѓ.П. го играат последмниот меч од првото коло во ПМФЛ, натпреварот се игра на теренот на ФФМ.

Вардар го објави составот за мечот со тимот од Ѓорче Петров.

На голот ќе биде Филип Гачевски кој што воедно е капитен на екипата. Во одбраната ќе играат Кристијан Тошевски, Никола Серафимов и Евгениј Новак, а како лев бек Жуниор, кој ќе игра против својот некогашен тим.

Во средниот ред на „црвено-црните“ ќе бидат Али Адем и Дарко Мицевски како последни играчи за врска, а средниот ред ќе го сочинуваат и Даниел Аврамовски како офанзивен играч за врска, и Владица Брдаровски и Матеј Цветаноски на крилните позиции. Во нападот ќе биде Џемаил Ибиши.