За прв пат од 1956 година, наградата „Златна топка“ која се доделува за најдобриот фудбалер на светот нема да заврши во ниедни раце, поради паузата во фудбалот која се случи од Коронавирусот.

Франс Фудбал објави дека престижната награда нема да биде доделена оваа сезона поради недостаток на доволно аргументи кај кој фудбалер би се доделиа оваа награда, а според нив ова е единствена фер одлука.

„Живееме во вонредни времиња и донесена е одлука дека не би било исправно да одбереме најдобар фудбалер со оглед на околностите во кои во моментов се игра професионалниот спорт“- велат од Франс фудбал.

За потсетување оваа награда замина во рацете на Лионел Меси, кој заедно со Роналдо доминираат во последните нешто повеќе од 10.години.