Стана познато колкав месечен џепарлак и дава Роналдо на својата невенчана сопруга Џорџина Родригез.

Како што соопштија во програмата Viva la vida на шпанскиот канал Telecinco, Португалецот на Џорџина и дава 100000 евра месечно. Истата сума ја наведе во својот текст и италијанскиот Corriere dello Sport.

Како што кажа самата Џорџина, таа најголемиот дел од денот го минува во заедничкиот стан во Торино и се грижи за децата.

Но, Џорџина и самата заработува. На својот инстаграм има околу 16,5 милиони следбеници, а секој рекламен пост Џорџина го наплаќа 8000 евра.