Португалската сензација од Бенфика, Жоао Феликс е прва трансфер цел на Атлетико Мадрид по најавата дека Гризман ќе го напушти клубот.

Шпанска Марка тврди дека Феликс наскоро ќе биде преставен како нов член на екипта предводена од Диего Симеоне. „Јорганџиите“ за Феликс ќе ја платат откупната клаузула од 120 милиони евра што ќе преставув нов клупски рекорд.

Феликс повеќе од три месеци се поврзува со преселба во повеќе европски гиганти меѓу кои и двата клуба од Манчестер но најверојатно трката за неговиот потпис ќе ја добијат помалку гласните од Мадрид.