Играчот за врска на Интер, Жоаo Мариo, кој како позајмен фудбалер настапува за московска Локомотива, го критикуваше Интер поради односот кон него.

Не ми е јасна позицијата на Интер. За мене платија 40 милиони евра, а се однесуваа како да сум дете. Не ми дозволуваа да тренирам со сите, да играм на пријателски средби. Тренирав одделно, со Икарди.

Интер е многу понестабилен клуб во однос на Спортинг Лисабон. Во интер имаше многу нејаснотии, се менуваа тренери и имаше лоша подготовка за сезоната. Најважните работи се случуваа надвор од теренот“, рече Мариo.

Португалецот дојде во Интер од Спортинг Лисабон во 2016 година за сума од 40 милиони евра.