Италијанскиот играч од средниот ред Жоржињо ги коментираше своите шанси за освојување на Златната топка.

Според обложувалниците главен фаворит е Лионел Меси кој ја одведе Аргентина до трофеј на Копа Америка. Втор е Роберт Левандовски, трет Кристијано Роналдо, а на четвртото место е Хери Кејн, Жоргињо е тек осми фаворит.

„Секако дека ја сонувам Златната топка, но искрено, се зависи од критериумите по кои таа награда се доделува. Ако говориме за талентот, јас знам дека не сум најдобар на свет. Како би можел да се споредувам со Меси или Роналдо? Тие се потполно различни играчи. Но, ако се титулите критериум, тоаш никој не би имал повеќе шанси од мене“- кажа Жоржињо.