Реал Мадрид загуби од Баерн Минхен на премиерата од подготовките во САД, поразен е со 3-1, навивачите со нетрпение го очекуваа првиот настап на „кралевите“.

Во составот на Зидан настапи и најскапото засилување, Еден Азар, тој го носеше дресот со број 50, слободни бројки во Реал се 23, 44 и 50, но зошто тој го одбра бројот 50?

Сосема логично објаснување дадоа од клубот:

„Еден Азар го облече дресот со број 50 за да ја одбележи годишнината од слетувањето на човекот на месечина, точно 50 години од стапнувањето на месечината е 21 јули 2019 година “   – потврдија од Реал Мадрид.

 

Навивачите со нетрпение очекуваат да видат со кој број ќе настапува Азар во Реал, овој дрес со овој број беше само за премиерата на „кралевите“ во САД.