Навивачите на Манчестер Јунајтед го загубија трпението со Солскјер на клупата на нивниот клуб. Денешното реми со Астон Вила значеше најлош старт на „Ѓаволите“ по сезоната во 188/89 година.

Но и покрај ова Солскјер не е загрижен и верува дека овој тим со овие играчи наскоро ќе покаже дека има квалитет за да се бори за висок пласман во Премиер лигата.

Островските медиуми шпекулираат дека Солскјер има уште две шанси за да си ја спаси работата на „Олд Трафрод“. „Ѓаволите“ на 4 декември го пречекуваат Тотенхем предводен од Мурињо, тука се освен победа е нов кикс за Солскјер додека клучниот збор ќе го има управата на клубот по дербито со Манчестер Сити на 7 декември.

Ако Јунајтед не освои барем четири бода од овие два меча, извесно е дека Солскјер ќе добие отказ а како негов наследник издвоен е Маурисио Покетино.

Манчестер Јунајтед по 14 кола во Премиер лигата е на девететото место со скор од четири победи шест нерешени и четири порази.