Медиумите веќе наголемо шпекулираат дека Жозе Мурињо тренерската кариера ќе ја продолжи во Бундеслигата.

Ваквите пишувања дополнително и подгреа и изјавата на Португалецот дадена за „Gazetа delo sport”, кој по разделбата со Манчестер Јунајтед е без работа.

„Ми недостасува фудбалот. Ми недостасува адреналинот, теренот, мојата работа. Фудбалот е…фудбал. Во моментов учам германски. Ако ме прашате дали е тоа поради Бундеслигата, ќе ви кажам само дека сакам да го потполнам моето знаење на јазици. Зборувам англиски, шпански, португалски, француски и италијански. А не сакам ништо да исклучам, па ни Германија.“ – таинствено одговори Мурињо.