Tренерот на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија Марселињо според најавите во оваа земја има намера да си замине од екипата.

Шпанскиот тренер не е задоволен од менаџментот на „лилјаците“, па би можел да го напушти клубот.Доколку замине Марселињо,негова замена ви требало да биде Португалецот Жозе Мурињо. Последен ангажман на Португалецот бешеј во Манчестер Јунајтед каде не ги исполни очекувањата, па заработи отказ во декември минатата година.

Управата на клубот верува дека заедно со Мурињо ќе може да се нападне титулата во првенството на Шпанија.