Звонимир Бобан веќе го напушти Милан, тврди „Sky Sport Italia“. Според информацијата на новинарот Џанлука Ди Марцио, ова се случило поради „ладната војна“ со генералниот директор Иван Газидис.

Според овој извор, следни за заминување се директорите Паоло Малдини и Фредерико Масара.

Хаосот во Милан го надополнува и денешната информација дека клубот најверојатно ќе го напуштат и клупските ѕвезди Златан Ибрахимовиќ и Џанлуиџи Донарума.