Еден од директорите на Милан, Звинимир Бобан, и спортскиот директорна „Росоњерите“, Паоло Малдини, ќе го напуштат клубот на крајот од сезоната, тврди La Gazzetta dello Sport.

Според овој извор, Бобан и Малдини се крајно незадоволни бидејќи фондот Elliott, кој владее со клубот, не се консултираше со нив по повод ангажирањето на тренерот Ралф Рангник.

Исто така, овој легендарен двоец е незадоволен што во зимскиот преоден рок клубот не доби доволно средства за засилување на екипата.

На крајот, тие имаат и конфликт со генералниот директор на Милан, Иван Газидис, чија позиција во клубот се смета за многу стабилна.

Во моментов екипата на тренерот Стефано Пиоли е на седмото место на табелата во Серија „А“, со 36 бода од 25 средби.