Во спортскиот центар „Галактика“ во Краснаја Полјана се одигра пријателски хокеарски натпревар во кој учествуваа и претседателите на Русија и на Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко.
Двајцата претседатели настапија во тимот на „белите“, Путин со бројот 11, а Лукашенко со бројот 1.
Победник на средбата е екипата на претседателите, конечниот резултат е 9:2,а најдобар стрелец е Владимир Путин, со три постигнати гола.
Во противничката екипа настапи синот на претседателот Лукашенко, Николај.
Путин често игра хокеј и, случајно или не, секогаш победува неговиот тим.
Comments are closed for this post.