Најпопуларната хокеј лига на светот влезе во финалната серија, а таму се пласираа актуелниот шампион Тампа Беј Лајтнинг, како и најтрофејниот клуб Монтреал Канејдиенс.

Канаѓаните имаат дури 24 Стенли Купа, но не се радувале уште од 1993 година, па не е чудно што побарувачката за карти е огромна, а цените растат, па дури и достигнуваат нереални цифри.

Во моментов, цената од 12.281 канадски долари е максималната цена на карта за еден од одделите во првиот ред на салата во Монтреал.

Според здравствените податоци на канадската провинција Квебек, каде се наоѓа градот Монтреал, на натпреварот во „Сентр Бел“ арената ќе може да присуствуваат само 3.500 гледачи, а капацитетот е 21.302. Управата на Монтреал Канејдиенс бара од властите да дозволат барем 10.500 гледачи да присуствуваат на големото финале.