Меѓу многуте спортски натпреварувања кои ги прекина, одложи или откажа пандемијата на Коронавирусот е и Светското првенство во хокеј 2020, кое од 8 до 24 мај требаше да се игра во Швајцарија.

Ова го соопшти потпретседателот на Меѓународната федерација на хокеј на лед, Калерво Кумола. Според неговите зборови, првенството оваа година нема да се игра и наскоро ова ќе биде и официјално објавено.

Во моментов се водат преговори чија цел е да се намалат финансиските штети што ќе следат поради откажувањето на првенството.