Поради Коронавирусот Шведска реши да го прекине шампионатот во хокеј и за прв пат  по 1952 година ќе нема шампион.

Минатата недела се одиграа неколку средби во првенството пред прази трибини, потоа хокеарската федерација на Шведска се реши да го прекине првенството.

„Здравјето на спортистите и гледачите ни е пред се, решивме да го прекинеме првенството, така е најдбро за сите“ – објавија од  хокеарската федерација на Шведска.

 

Во моментов прва е екипата на Лулеа но нема да биде шампион, Шведска оследен пат без првак остана во 1952 година кога федерацијата реши да го прекине првенството и да се подготвува за Олимписките игри на кои завршија како трети.