Ужасни вести пристигнуваат од Русија, младиот хокеар Тимур Фајзутдинов починал после повреда здобиена на натпревар.

19 годишниот капитен на јуниорскиот тиме на Динамо од Санкт Петерсбург и подлегна на повредата која ја доби во мечот со Локомотив од Јарослав, откако пагот го погоди во глава.

Докторите се бореле за неговиот живот три дена, но за жал не успеале да го спасат. Иако повредата во прв момент не изгледала сериозни, откако соиграчите дошле кај него, виделе дека му е потребна помош.

Вратот му бил мобилизиран на теренот, по што бил однесен во болница, но за жал почина на само 19 година. За младиот тим на Динамо одиграл преку 200 мечеви, а останатите дуели во младинската лига и во КХЛ ќе почнат со минута молк.

„Денешниот четвртфинален меч меѓу Динамо и Оилман ќе почне минута молк во знак на сеќавање. Засекогаш ќе остане во нашите сеќавања, мисли и во нашите срца“– напиша Динамо во соопштение.