Македонскиот јуниорски карате репрезентативец, Бојан Костов освои бронзен медaл на 47 Европско првенство (за кадети, јуниори и мпомлади сениори У21) кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Во главната рунда, Костов оствари три победи и еден пораз од Азербејџанецот Хусеинов кој на крајот го освои златниот медал.

Костов со ова ја продолжи низата успешни настапи на големите турнир. Минатата година нашиот млад репрезентативец стана кадетски европски првак.

Предходно на Светското првенство во Сантјаго освои бронзен медеал во кадетска конкуренција.