Македонскиот каратист, Емил Павов го совлад Ихор Унхич од Украина со 1:0 во потоа загуби од светскиот првак Даглас Бросе од Бразил по одлука на судиите на Карате 1 Премиер лигата која се одржува во Мадрид, Шпанија.

„Последен турнир за оваа 2019 –та година без добар резултат, но јас никогаш не се откажувам и се надевам 2020 ќе биде многу успешна! Ви благодарам на сите за поддршката!“, напиша Павлов на својот ФБ профил.

„Секој пораз од светски и олимписки шампион со тесен резултат е исто како и ти да си победник. Можеби од страна се чини дека ова утешителни зборови, но бидејќи сето ова лично го имам почувствувано, тоа ми давало сила во наредните мечеви јас да бидам победник. Тоа значи дека и за Емил Павлов, кој дененеска загуби со крајно сомнителна одлука на судииите од светскиот карате шампион Даглас Борсе од Бразил на Премиер лигата во Мадрид, ова е мотивација . Шампионе, ова значи дека треба да тренираш и да анализраш и во иднина ти да бидеш победник, затоа што тебе ти е најважна нормата за Олмписките игри во Токио 2020. Ти за нас си победник! Шампионе“ – објави на ФБ, Шабан Трстена.

Успешен настап имаше Петар Заборски кој забележа две победи.

Резултати:

Пуликсенија Јованоска седма во групата со 22,54 поени (15,82 + 6,72) – ката анан даи

-50 кг Драгана Манговска и Михо Мијахара (Јапонија) 0-1

-55 кг Симона Заборска – Сара Кардин (Италија) 1-3

-60 кг

Емил Павлов – Ихор Унхич (Украина) 1-0

Емил Павлов – Даглас Бросе (Бразил) 1-1 (хантеи)

-75 кг

Петар Заборски – Карсон Греј Трасон (ЈАР) 1-0

Петар Заборски – Павел Артамонов (Естонија) 0-2

Утре на Премиер лигата ќе настапат: Ангела Мојсовска, Виктор Крстевски, Петар Спасеновски, Берат Јакупи и Фррри Исиќ.

Извор: ipon.mk