Емил Павлов стана светски вицешампион во карате во категоријата -67 килограми, тој во борбата за златниот медал загуби  од олимпискиот првак Стивен Дакоста од Франција со 0-8.

За македонското карате ова е  најголем успех, втор медал на светските првенства. Првиот го освои Жарко Арсовски во 2010 година.

Павлов на двете европски титуливо Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година, го придодаде среброто на светските првенства, тој  двапати го освојуваше бронзениот медал Монпелје 2016 и Гвадалахара 2019 во Европа.

во Дубаи во категоријата -67 кг ги запиша овие резултати:

Емил Павлов – Матеј Хомола (Словачка) 4-3
Емил Павлов – Садридин Сајматов (Узбекистан) 3-0
Емил Павлов – Абдалах Хамат (Јордан) 3-1
Емил Павлов – Али Елксави (Египет) 4-1
Емил Павлов – Мартиал Тадиси (Унгарија) 3-3
Финале
Емил Павлов – Стивен Дакоста (Франција) 0-8