Македонскиот карате репрезентативец, Емил Павлов не успеа да се пласира во големото финалето во Премиер лигата во Истанбул откако во полуфиналето беше совлада од Азербејџанецот Фарзалијев.

Павлов во категоријата до 60 килограми во недела го очекува дуелот за третото место и бронзениот медал со Казахстанецот Садридин Сајматов.

Павлов во претходните три кола имаше три победи а поразот од Фарзалијев е дополнителен мотив за победа в недела и освојување на бронзата.