Емил Павлов стана светски вицешампион во карате во категоријата-67 килограми, тој во борбата за златниот медал загуби од олимпискиот првак Стивен Дакоста од Франција со 0-8.

За македонското карате ова е најголем успех, втор медал на светските првенства. Првиот го освои Жарко Арсовски во 2010 година.

Павлов за дриблинг вели дека противникот доминирал, заслужено стигна до злато, за него и Македонија ова е голем успех-сребро од светско првенство.

„Сосема заслужена победа на противникот, ова беше убедлива победа на мојот противник, но за мене сребрениот медал е голем резултат, за првпат настапувам во оваа категорија, загубив од најдобриот во светот, ова е голем резултат за мене на светските првенства“ – вели за дриблинг Павлов.