Македонскиот каратист Емил Павлов е на чекор до голем успех во Премиер лигата. Тој обезбеди пласман во големото финале во категоријата до 60 килограми во Премиер Лигата во Москва. За да дојде до таму победи двајца светски шампиони.

K1 Moscow / -60 kg He won the 4 last K1 but he will not win the Moscow one. Kazakhstan’s Darkhan Assadilovv lost in ½…

Gepostet von Ludovic Mauchien am Freitag, 4. Oktober 2019

Во полуфиналето го совлада актуелниот светски шампион, Анџело Крешенцо со минимални 1-0, додека претходно имаше и четири триумфи над Ласло Киш од Унгарија со 4-1, Матиас Гарсија од Шпанија 6-0, Летонецот Калвис Калининис 5-3 и Бразилецот Даглас Бросе 2-0.

Во финалето Павлов ќе се сретне со Турчинот Ерај Самдан, а борбата е закажана за во недела.