Емил Павлов (-60 кг) славеше со 3-1 е во финалето на „Карате 1 Премиер лигата во Москва“, го совлада  Турчинот Ерај и го освои златниот медал. Подолго време на некој наш каратист не му успеало да освои златен медал на Премиер лигата.

Со оваа победа Павлов продлжува да гради резултати со кои се надева на  норма за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Во рамките на WKF Премиер лигата во Москва, Павлов победи пет каратисти меѓу кои и светските и европски прваци Калвис Калинис (Латвија) и Анџело Крешченцо (Италија).

Резултати:

Финале
Емил Павлов – Ерај Самдан (Турција) 3-1

Вчера:
Емил Павлов – Ласло Андраш (Унгарија) 4-1
Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 6-0
Емил Павлов – Калвис Калинис (Латвија) 5-3
Емил Павлов – Даглас Бросе (Бразил) 2-0
Емил Павлов – Анџело Крешченцо (Италија) 1-0

 print