Емил Павлов победи во Премиер Лигата во карате во Салцбург во категоријата 60 килограми. Павлов е надеж на Македонија дека ќе имаме претставник на Олимписките игри во Токио ова лето.

Во финалето Павлов  го совлада Анџело Кресченцо од Италија со 5-4.

По тој повод денеска младиот каратист беше примен во Агенцијата за млади и спорт од страна на претседателот Дарко Каевски.