Викендов се одбележуваат пет години од еден од најголемите успеси на македонскиот спорт на меѓународна сцена.

На првите Европски игри во Баку, Азербејџан организирани од Европскиот олимписки комитет (EOC), делегацијата на Македонскиот олимписки комитет освои два бронзени медала благодарение на нашите двајца каратисти, кои обезбедија норма за настап меѓу осумте најдобри во своите категории.

Најпрвин на 13.06.2015 во категорија – 60 килограми Емил Павлов освои бронза, а ден подоцна на 14.06.2015 во категорија + 84 килограми Мартин Несторовски исто така се закити со бронзен медал.

И двајцата настапија во врвна конкуренција на трофејни спортисти на светски и европски првенства, а нормата ја обезбедија на европското првенство во Истанбул. Пред заминување за Баку, Емил Павлов беше одреден за знаменосец на свеченото отворање на игрите.

Во Баку беа и селекторот Петар Белистојаноски и членот на ИО на КФМ Горан Милковски, како дел од делегацијата на МОК. Исто така и Боби Војдиновски, еден од најдобрите светски судии, кој беше избран да судии од страна на европската карате федерација.

Со тоа уште еднаш се потврди високото реноме на Карате федерацијата на Македонија и на нашите спортисти, кои и пред европските игри, а особено по приемот на каратето на Олимписките игри во Токио, со своите резултати претставуваат лидери во македонскиот спорт