Во последниот ден од Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, што се одржува во Будимпешта, Роберто Ацковски во конкуренција на помлади сениори (У21) во категорија – 67кг постигна 5 победи и 1 пораз и освои бронзен медал.

Претходно, во главната фаза Ацковски забележа четири победи, а беше поразен единствено во полуфиналето.