Универзитетска карате репрезентација ги заврши 10-дневните подготовки во Бар и Сутоморе и од 30 јули до 4 август ќе настапи на Европските универзитетските игри на боречки спортови во Загреб, Хрватска.

Селекторот на универзитетската карате репрезентација на Македонија, Бошко Заборски, е многу задоволен од досегашниот тек на подготовките кои во текот на утрешниот ден завршуваат.

„Во Црна Гора имавме прекрасни услови за работа. Каратистите максимално се ангажираа и добро се подготвија за учество европската боречка Универзијада во Загреб. Иако е летен период, ние не дозволивме да се опуштиме, напротив максимално се мобилизиравме и направивме услови каратистите максимално да се подготват. Овде во Бар и Сутоморе имавме и голема подршка од најдобриот Карате клуб Омладинац од Подгорица и Бар од Бар. Со овие клубови, кои во своите редови имаат бројни носители на европски и светски медали, направивме исклучително добри спаринг тренинзи и задоволството беше обострано“- истакна селекторот Бошко Заборски.