Карате федерацијата на Македонија денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција пред поаѓањето на сениорската репрезентација за 46. Европско првенство кое што ќе се одржи од 19-23.05.2021 година во Пореч, Хрватска.

Претходно, директорот на АМС Наумче Мојсовски оствари прием на претседателот на КФМ Горан Милковски, потпретседателот Бесник Мурати, селекторите Сашко Арсовски и Стојан Андриевски како и дел од спортистите кои ќе настапат на ова првенство – Емил Павлов, Жарко Арсовски, Пулексенија Јованоска и Вегим Мурати.

На приемот претседателот на КФМ Горан Милковски, кој ќе биде делегат на Изборниот Конгрес на Европската карате федерација, во име на Извршниот одбор на КФМ му се заблагодари на дирекорот Наумче Мојсовски и Агенцијата за млади и спорт за поддршката и помошта што Карате федерацијата на Македонија контуирано ја добива во изминатите години. Тој накратко го иформираше директорот за активностисте кои што претходеа на ова првенство и за настапите што дел од тимот го имаше во претходниот период, како што се К1 Премиер лигите во Истанбул и Лисабон, посета на повеќе тренинг кампови како и континурианата работа со нивните селектори-тренери. Последната активност беа подготовките кои се одржаа во Дојран во изминатите 5 дена.

Директорот Наумче Мојсовски истакна дека корона вирусот имаше огромно влијане на застој на спортските активности во сите спортови, но дека веќе полека спортистите се враќаат во спортските сали и борилишта, а дека Агенцијата за млади и спорт и во тие услови продолжи со поддршката кон спортистите, клубовите и федерациите. Последно што тој напомена е помошта во реализацијата на спортските ваучери од страна на владата, во износ од 33% коишто беа префрлени на нивните сметки во текот на изминатите два дена.

На прес конференцијата селекторот-тренер во кати Стојан Андриевски истакна дека е задоволен од формата и подготвеноста на својот ката тим и се надева дека на ова првенство доколку има коректно судење очекува медал, пред се од Пулексенија Јованоска. Селекторот-тренер во борби Сашко Арсовски исто така нагласи дека е задоволен од одржаните подготовки во Дојран, во тимот владее одлична атмосфера и се надева дека тоа ќе резултира со медали на ова првенство. Сите покажаа добра форма во подготвителниот период а најмногу очекува од двојниот европски првак Емил Павлов.

На ова Европско првенство се пријавени вкупно 513 натпреварувачи од 47 земји. Нашиот тим по категории ќе настапи во следниот состав:

Борби мажи:
1. Емил Павлов -60 кг.
2. Давид Петков -67 кг.
3. Доан Османи -75 кг.
4. Петар Спасеновски -84 кг.
5. Вегим Мурати 84+ кг.

Борби екипно мажи:
Доан Османи, Петар Спасеновски, Вегим Мурати, Жарко Арсовски, Берат Јакупи,  Виктор Крстевски и Емил Павлов.

Борби жени:
1. Сара Радичевска -50 кг.
2. Симона Заборска -55 кг.
3. Моника Пендаровска -61 кг.
4. Ангела Мојсовска -68 кг.
5. Симона Симовска 68+ кг

Борби екипно жени:
Симона Заборска, Моника Пендаровска, Ангела Мојсовска и Бојана Манева.

Кати мажи:
1. Александар Неделковски

Ката жени:
1. Пулексенија Јованоска

Ката екипно мажи:
1. Давид Спасовски
2. Александар Спасовски
3. Кристијан Бајовски