Карате репрезентатиците на Македонија пристигнаа во Сантјаго, Чиле каде ќе настапат на XI Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 кое ќе се одржи од 23 до 27 октомври.

На шампионатот  ќе настапат  каратистите во борби во состав: Бојан Костов, кумите машки, кадет -52 кг., Фахик Весели, кумите машки, У21 -67 кг., Доан Османи, кумите машки, У21 -75 кг., Вероника Костовска, кумите женски, У21 -61 кг., Ангела Мојсовска, кумите женски, У21 -68 кг. како и натпреварувачите во кати машки Александар Неделковски и ката женски Владанка Аврамова.

Предводени  од  тренерите-селектори на државната репрезентација Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини како и селекторот-тренер на државната репрезентација во кати Ивана Аврамова очекуваат добри резултати.

На ова Светско првенство ќе настапат вкупно 1557 натпреварувачи од 96 земји