Нашиот најдобар каратист Емил Павлов, кој е единствен каратист учесник на Европските игри од нашата држава, на 30 Јуни ќе се бори во А групата со Фирдовси Фарзалијев (Азербејџан), Анџело Крешенчо (Италија) и со Илија Булатау (Белорусија).

На Емил му се потребни најмалку две победи за да влезе во борбата за медал на Европските игри во категоријата -60 кг. Емил Павлов ќе го носи македонското знаме на церемонијата на затворање на Европските игри МИНСК 2019. Емил Павлов и неговиот тренер Сашко Арсовски веруваат дека на овие игри  може да се сдојде до медал од карате турнирот.