Според очекувањата, летните Олимписки игри во Токио се одложени за следната година, а поради тоа Светската карате федерација (WKF) го одложи завршниот Квалификациски карате турнир за обезбедување на олимписки норми.
Овој турнир требаше да се одржи од 8 до 10 мај во Париз, но поради пандемијата беше поместен во терминот 26 до 28 јуни.
Сепак, откакако Олимписките игри беа одложени за ова лето, и квалификацискиот карате турнир ќе биде презакажaн на соодветен датум.
Comments are closed for this post.