Македонските каратисти ќе почекаат за да настапат на турнирот во Париз преку кој требаше да обезбедат пласман на ЛОИ во Токио. Од каратефедерацијата на Македонија потврдија дека поради ситуацијата со Ковид-19 квалификациите се одложение.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Поради актуелната ситуација со коронавирусот Kовид-19, а во насока на превенција, заштита и безбедност пред се на спортистите, ве известуваме дека квалификациониот турнир кој требаше да се одри во салата „Берси“ во Париз од 8 до 10 мај за обезбедување на настап на Олимписките игри во Токио 2020 е одложен.

Oдреден е новиот датум за одржување на истиот кој што Светската карате федерација (WKF) во координација со Меѓународниот олимписки комитет го определи е од 26-28.03.2020 година, ако условите тоа го дозволат. Форматот на натпревари и условите за учество се непроменети.

Се менува само крајниот датум за пријавување на каратистите по категории, кој е пролонгиран за 4 јуни. Тоа значи дека комплетно се менува планот и програма на македонските спортисти предводени од нашиот најголем адут Емил Павлов, чија главна цел беше да бидат во најдобра натпреварувачка форма на почетокот на мај. Нивниот тренажен процес сега ќе биде фокусиран за новиот термин на квалификацискиот турнир, планиран за 26-28 јуни.

Имајќи ги предвид принудните откажувања на Европското првенство во Баку и Премиер лигата во Мадрид, кои беа дел од квалификациониот систем за Токио, директен пласман на Олимпијадата обезбедија по двајца најдоброрангирани на светската ранг листа на WKF во секоја од петте тежински категории. Потсетуваме, на Олимписките игри ќе има само по три тежински категории во машка и во женска конкуренција, како и натпревари во кати за мажи и за жени.“