Емил Павлов е во финалето на Премиер Лигата во Салцбург, нашиот кандидат за пласман на Олмписките игри во Токио очекува победа против Италијанецот Анџело Кресченцо во недела и реприза на резултатот од 2013 година.

Македонската карате надеж за ОИ во Токио мина тежок период по повредата, се врати уште посилен, финалето е знак дека патот за нов голем резултат е отворен.

„После тежок период за мене во кој имав повреда поради која пропуштив неколку натпревари, се вратив со одличен настап во Салцбург, победи на четири борби, во полуфиналето и првиот на светската ранг листа, Казахстанецот Баитурејев кој веќе има норма за Токио. Овој град за мене е среќен, во 2013 година првото место овде беше отскочна даска во мојата кариера, тогаш во финалето го победив Италијанецот Кресченто, се надевам на реприза и нова победа“ – изјави за дриблинг, Павлов.

Финалето со Кресченцо е во недела од 15 часот во Салцбург.