Емил Павлов обезбеди финале во Премиер Лигата во Салцбург откако победи четири противници во категоријата 60 килограми, закажа финале со Италијанецот Анџело Кресченцо во недела.

Нашиот кандидат за Олимписките игри во Токио е во врвна форма, ги победи,  Фахед Ахмад (Јордан) 3-2, Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 1-0, Јеркинбек Баитурејев (Казахстан) 4-0 и во полуфинале Дархан Асадилов (Казахстан) со 2-1.

Италијанецот Кресченцо го победи нашиот Вахик Весели кој во репасажот може да стигне до бронза во оваа категорија.