Светската карате федерација (WKF) ја објави честитката на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах испрати упатена до сите кои го слават големиот јубилеј, 50-годишнината од создавањето на Светската карате федерација.

Посебна чест за Карате федерацијата на Македонија е што во изборот на фотографиите со првиот човек на IOC и претседателот на WKF Антонио Еспинос е нашиот репрезентативец Фахик Весели, освојувач на бронзен медал на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес 2018 година, каде што каратето го донесе првиот медал од младиснките олимпијади во исторјата на македонскиот спорт.

„Би сакал да ги изразам моите срдечни честитки во име на Олимпиското движење за достигнувањето на ова значајно достигнување. Ако погледнете назад, може да се гордеете во периодот на извонредниот раст и развој на каратето во светот. Блиското партнерство межу IOC и WKF продолжува да расте и да се зацврстува.

Дури и во вакви невидени ситуации како што се соочувањето со коронавирусот, ние сме секогаш посилни кога сме заедно. IOC е привилегирана што има партнери како што е Светската карате федерација во промовирање на спортот како суштински фактор во борба со пандемијата и како интегрален дел од изнаоѓање на решенија за излез од кризата. Олимписките игри наредната година ќе бидат уште позначајна пригода да се одбележи моќта на овој спорт во домот на каратето, во историскиот Нипон Будокан“ – рече Томас Бах.

 

Каратето е подготвено за настап на Олимписките игри во Токио и тоа на истото место каде што пред половина век се одржа првото светско првенство. Карате федерацијата на Македонија има тројца олимписки стипендисти, Емил Павлов, Берат Јакупи и Пулексенија Јованоска, како и уште неколку натпреварувачли кои ќе се борат за олимписка норма за Токио.

Светската карате федерација одбележува пет децении континуиран напредок, во кои достигна огромна експанзија и популарност. Има 200 земји членки и околу 100 милиони лица кои практикуваат карате. Основана е во Токио (Јапонија) на 10 октомври 1970 година, непосредно пред одржувањето на првото Светско првенство во карате.