Македонскиот карате репрезентативец, Емил Павлов славеше во борбата за третото место против Казахстанецот Кајсар Алписбар со 4:1 и со ова стигна со бронзениот медал во Премиер лигата во Истанбул.

Павлов во карегоријата до 60 килограми во главната фаза оствари три победи и еден пораз а освојувањето на третото место е одлична рехабилитација по оној пораз во битката за влез во финалето.

Павлов сега го очекува настапот на Државното првенство на Македонија како и плеј офот во Премиер лигата, кои воедно се и квалификации за пласман на следното ЕП. Павлов оваа година посакува да обезбеди учество на ЛОИ во Токио.