Емил Павлов победи во Премиер Лигата во карате во Салцбург во категоријата 60 килограми. Павлов е надеж на Македонија дека ќе имаме претставник на Олимписките игри во Токио ова лето.

Во финалето Павлов  го совлада Анџело Кресченцо од Италија со 5-4. Нашиот каратист позираше со сите шампиони во Салцбург, Македонија високо котира на карате мапата во светот.