Македонскиот каратист Емил Павлов направи голем успех на Карате  Премиер лигата кој се одржи во Салцбург, откако  го освои златниот медал. Павлов во финалето го совлада Анџело Кресченцо од Италија со 5-4.

За македонскиот каратист ова е втор златен медал од  Премиер лигата, а прв годинава. Претходно беше дел од настапите во Дубаи, додека турнирот во Париз го пропушти поради повреда.