Во Умаг, Хрватска се одржува највисоко рангираниот  светски карате куп организиран од Светската карате федерација (ВКФ),  каратистката на Макпетрол Анѓела Мојсовска, успеа да го освои златниот медал во највозрасната младинска категорија на постари јуниори (У21), во тежинската категорија на -68 кг.
Во првото коло таа беше слободна, во второто коло победи со преставничката  од Швајцарија со 4-1, во третото коло беше подобра од каратистката на БиХ и победи со 5-1, во четвртото коло уште една победа против шампионката на Хрватска која е и носител на европски медал со резултат 3-1, и во финалето победи со резултат од 4-1.
Да напоменеме само дека Ангела Мојсовска е спортистка од меѓународна категорија која е стипендистка на АМС, (Агенцијата за млади и спорт), Во Умаг земаа учество спортисти од 73 држави од целиот свет.