Гостивар и Куманово 2009 одиграа еден неверојатен меч со два големи пресврти, победа запиша  домашната екипа со  91:83 во заостанатиот натпревар од 4. коло.

По релативно израментото прво полувреме, малку кој очекуваше дека второто ќе донесе таков развој на настаните. Прво експлодираа гостите од Куманово. А кога се смирија, ерупција на гостиварци, за конечен успех.

Александар Костотоски со 24 поени беше најефикасниот играч на Гостивар,  втор стрелец беше Димчевски со 15. Во поразената екипа на Куманово 2009, Рос со 24 и Ливингстон со 19 беа играчите кои се истакнаа на средбата.

ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ

ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – АКАДЕМИЈА ФМП    65:86

КОЖУВ – ВАРДАР 86:82 (73-73)

ТФТ – ПЕЛИСТЕР   97:82

ГОСТИВАР – КУМАНОВО           91:83